Политика

ЗНМ со осуда за заканите на Јакимовски кон новинарот Чомовски

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осуди навредите и повиците за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски од страна на претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

„Јакимовски напиша статус на неговиот профил на Фејсбук веднаш по објавувањето на дел од интервјуто на Чомовски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој со погрдни зборови, какви што не доликуваат на еден политичар и поранешен градоначалник, го навредуваше Чомовски па дури и го прекори Мицкоски зошто не го потегнал за уши и да го извади надвор.

Истакнуваме дека е посебно опасно по безбедноста на новинарите да се упатуваат навреди и закани кон нив, без разлика дали заканите доаѓаат од страна на челници на големи или мали политички партии. Со ваквите повици за насилство може да се мотивира дел од партиското членство да посегне по безбедноста на новинарите, а тоа е недозволиво во едно демократско општество.

Истовремено, потсетуваме дека онлајн закани кон новинарите претставуваат кривично дело, оттука ЗНМ ќе поднесе барање до секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за спроведување на соодветна истрага“, велат од ЗНМ.

Поврзани вести

Нема потреба да се менува уредбата за избори, вели Спасовски

Царовска одговара на незгодни прашања (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Касами: Косовската влада да има поактивен однос кон проблемите и маките на Албанците во Северна Македонија

Влатко Зорба

Извлечени првите 15 добитници на 100 000 денари од наградната игра Мој ДДВ

Влатко Зорба

Презентација на полугодишиот извештај на СБ за Западен Балкан

Влатко Зорба

Груби: ДУИ очекува апсолутна победа на изборите

Влатко Зорба