МАКЕДОНИЈА Хроника

Полицајци пишале казна, по што биле нападнати од четири лица

Двајца полициски службеници биле нападнати откако претходно напишале казна на возач на булеварот „Словенија“ во Скопје.

„На 28.09.2020 околу 12.40 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на бул.„Словенија“, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „дачиа дастер“ и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје“, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Спасов: Можеби 14 јуни е прерано за избори, лидерската утре ќе има за цел да се донесе некоја заедничка одлука

Александар Петровски

Од 10 на 15 часа е зголемен просторот за политичко рекламирање во медиумите, вели Поповски

Берта Китинска

ДКСК ја запре постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје

Влатко Зорба

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година

Филипче за новата учебна година: Голем е ризикот ако целосно се отворат училиштата

Никола Поповски

Груби вели дека имаат многу добри планови за Зибери