МАКЕДОНИЈА

Посвежо време со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, како што соопшти УХМР, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Поврзани вести

Лесно ја шират болеста: 60% од вкупниот број на активни случаи во Скопје се асимптоматски

Казни за 845 лица за неносење маска

А1: Проблемот со воспоставувањето на повици е надминат, се работи на процесот со СМС пораките

Филипче: По 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во Чаир

ФИТР со нови повици за кофинансирани грантови за технолошки развој

Елена Даскалова

Во Ургентен центар во Градската општа болница „8 Септември“ во пожар синоќа изгорела една канцеларија