МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 700 лица ќе гласаат на изборите од самоизолација

Само 742 граѓани кои се заразени со коронавирус или се во самоизолација, побарале да гласаат на 13 јули. Интересот е мал, со оглед на фактот дека во земјава околу 5000 лица се на домашно лекување или имаат решение за изолација.

Нивните пријави се упатени до општинските комисии, кои ќе треба да проверат дали сите ги исполнуваат условите, односно дали поседуваат валидни лични документи и решение за изолација.

Право на глас нема да имаат оние граѓани кои од денеска ќе добијат решение за изолација.

Во понеделник, нема да се гласа во Арачиново, Радовиш, Чучер Сандево, Дојран, Центар Жупа, Чашка, Виница, Градско и во уште неколку, вкупно 22 општини. До нивните комисии не е пристигната ниту една пријава.

Од ДИК апелираат здравствените работниците кои треба да асистираат во домовите на болните од вирусот, сериозно да ги сфатат работите. Ова следи откако голем број од медицинските лица побарале да бидат иззмени од избирачкиот процес.

Во однос на болните и изнемоштени лица, на еден ден пред изборите, односно вторник, се пријавиле да гласаат 9465 граѓани.

Поврзани вести

Насер Зибери: Kонцептот „прв премиер Албанец“ со убедлива победа во многу места низ државата

Политички аналитичари: С. Македонија ја очекуваат убави и позитивни моменти и промени

Ивана Рамаданова

ФИТР достави заштитни скафандери, заштитни очила и ракавици за Детската клиника

Влатко Зорба

Османи: Сите шпекулации и лажни обвинувања кон мене во случајот „Пациент“ завршија

Граѓаните да ги откажат патувањата во Италија, апелира Филипче

Берта Китинска

Панел дискусијата: „Повратна, или карта во еден правец? Како земјата се справува со одливот на мозоци?

Ивана Рамаданова