МАКЕДОНИЈА

Повторно се испраќаат лажни покани во име на државната секретарка Несторовска

Лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банки биле упатени до одредени граѓани и правни лица.

Од МВР информираат дека зад поканите стои измамник кој лажно се претставувал во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Оттука известуваат дека тие не користат електронска пошта за испраќање покани до граѓани во врска со спроведување истраги, туку поканите се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираат до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки“, соопштија од МВР.

Поврзани вести

Арифи: ДУИ не е партија што блефира

Дебарската гимназија „28 ноември” од утре со онлајн настава

Влатко Зорба

Советот на Град Скопје на отворено

Берта Китинска

Петров: Ако младите не влезат во политика не може да се очекува промена

Stefanija Kuzmanovska

Два нови случаи на коронавирус во Тиквешко

Никола Поповски

Пендаровски во Ерусалим: Холокаустот ни покажа колку ужасна може да биде нашата историја