МАКЕДОНИЈА

Повторно се отстрануваше урбана опрема од Охридската чаршија

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заедно со општински инспектори денеска спроведуваа активности за отстранување на нелегално поставена урбана опрема пред угостителски објекти во охридската чаршија.

Активностите се спроведени откако претходно инспекциските контроли утврдиле дека угостителите поставувале маси, столови и друга урбана опрема без одобрение, надвор од Програмата за поставување урбана опрема.

И претходно инспекциските служби беа активни во тој дел од чаршијата, отстранувајќи урбана опрема и обележувајќи го просторот каде може да се поставуваат столици и маси, но дел од угостителите повторно го узурпираа шеталиштето.

Од општинскиот инспекторат најавуваат дека слични акции ќе има и наредниот период, со цел воведување ред во начинот на поставување урбана опрема во центарот на градот.

Поврзани вести

Јанева денес треба да биде вратена во притвор

user3

Процесот на гласање нема да го загрози здравјето на гласачките места ќе се задржиме 3 до 5 минути, вели Спасовски

Даниловски: Коронавирусот е сличен на САРС-от, само со помала смртност

Viktor Jovanov

Царовска и Каевски во посета на Крушево

Пресудата за „Еразмус“ ќе биде позната на 3 февруари

На ФЗО му се дава можност да го утврдува начинот за издавање лекови без рецепт