МАКЕДОНИЈА

Пожар во станбено-деловниот комплекс на плоштадот во Тетово

Пожар избувна вчера околу 22 часот на покривот од станбено-деловниот комплекс наречен Чешел на градскиот плоштад во Тетово, при што нема повредени лица. Пожарот избувнал на покривот од деловните канцеларии, а го изгаснале девет пожарникари со три возила.

– Релативно брзо дојдовме на местото и успеавме да го изгасиме пожарот додека траеше на покривот од комплексот. За среќа, спречивме да навлезе во канцелариите и во становите, изјави Ука Алити, командант на пожарникарите.

Од СВР Тетово инфомираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 23.40 часот, а дека увид ќе се врши во текот на денот.

Поврзани вести

Ковид 19, Македонија: Во континуитет висок број починати и новозаразени во земјава

Царовска: Едно општество може да каже дека е хумано и солидарно само ако покаже соодветна грижа за најранливите

Ивана Рамаданова

Хуманитарна помош со млеко и прехранбени производи од Македонија за Драч

Влатко Зорба

ЈСП: Автобусот се запалил од краток спој на електричната инсталација

Царовска до избори ќе биде вицепремиер за економски прашања

Александар Тодески

Казни од по 2.500 евра, организирале веселби во време на пандемија

Берта Китинска