МАКЕДОНИЈА

Познати термините кога сопствениците ќе можат да ги шетаат своите миленици за време на полицискиот час

Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април.

Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница, на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020, полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро.

Повозрасните од 67 години од задутре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 во работни денови, а на младите до 18 години дозволено ќе им биде надвор од дома да бидат само од 13 до 15 часот.

Поврзани вести

ДОМ организираше трибина на тема “Перспективите на македонската евроинтеграција”

Берта Китинска

Рушиди: Владата има фактор налседен од претходната власт, кој спречува реформи во правосудството

Александар Тодески

Димитров: Договорот од Преспа е дел од нашиот систем, мора да се почитува

МАПА: Кисела Вода, Карпош и Центар со најголем број заболени од коронавирусот

Платежна агенција: Нема поделба на земјоделците, парите за субвенции на сите кои ги исполниле условите ги исплаќавме и ќе продолжиме да ги исплаќаме

Никола Поповски

Џафери: Најрано на 11 декември седницата за автентичното толкување

Ивана Рамаданова