МАКЕДОНИЈА

Пратеници сакаат да интервенираат со два амандмани во Законот за ЈО

Два амандмани се поднесен за Законот за Јавно обвинителство, кажа претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја обвини владата дека е несериозна за Законот за Јавно обвинителство.

„Професори дадоа сериозни забелешки на предложениот текст. Професорот Тупанчевски рече дека има грешки. Професорката Каракамишева која е коавторка со министерката Дескоска во неколку книги рече дека Законот треба да се доработи. Професорот Калајџиев рече дека имало смешни решенија. Констатацијата СЈО да згасне беше заедничка. Од друга страна, Министерката тврди дека и без опозицијата би имале 80 пратеници, тогаш зошто да не постои СЈО ако имаат дво-третинско мнозинство“, рече Милошоски.

Пратениците – членови на Комисијата ќе ги разгледаат амандманите, по што ќе продолжи комисиската расправа за Законот за ЈО и Законот за Советот на јавни обвинители, а по дводневната дебата, истиот ќе оди на пленарна седница, каде треба да добие поддршка од најмалку 80 пратеници.

Министерката за правда, Рената Дескоска, објасни дека „бомбите“ ќе се користат за оние случаи кои се отворени во рокот додека Специјалното јавно обвинителство можеше да поднесува обвиненија и да отвора постапки, додека пак во оние случаи кои се отворени по тоа, „бомбите“ ќе бидат само индиции. Според неа, ниту еден случај од СЈО не е загрозен со Законот за Јавно обвинителство.

А.Т.

Поврзани вести

МакКанабис: Измени во Законот за да може да извезуваме цвет од канабис

Александар Тодески

Приватните клиники ќе прават тестови на молекуларно ниво кои ги признава Институтот за јавно здравје

Берта Китинска

Чулев: СВР Охрид работи на идентификација на лицата кои учествуваа на Литијата

Очекувам наесен да има повторен пик на коронавирусот, тогаш може да биде уште покомплексна ситуацијата, вели Филипче

Влатко Зорба

Заев: Глигоров го трасираше патот на безбедноста, демократија и напредокот

МИОА: Од утре со скратено работно време шалтерите на салата „Една точка за услуги“