МАКЕДОНИЈА Политика

Пратениците предвреме ќе го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО

Владата на својата редовна седница одржана во саботата го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година, и најави дека ќе го достави на усвојување до Собранието, со што се отвора патот за предвремено ратификување на Протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на пратениците пред распуштање на сегашниот пратенички состав.

– Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, кој ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата, соопшти владината прес-служба.

Собранието, согласно договорот за одржување на предвремените парламентарни избори, треба да се распушти на 11 февруари, а засега е неизвесно дали до тогаш Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство во нејзиниот Парламент, бидејќи во земјата се уште нема договор за формирање нов влада по ноемвриските избори.

На маргините на Самитот на НАТО во Лондон, што се одржа на почетокот на месецов, премиерот Зоран Заев имаше средба со неговиот шпански колега Педро Санчез, од кого добил ветување дека Шпанија мошне скоро ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во Алијансата, по што во текот на следниот месец би ја депонирала ратификацијата во Вашингтон. Шпанија е последната од членките на НАТО, која треба да го ратификува Протоколот.

Поради неизвесноста околу формирањето на новата шпанска Влада, идејата за „предвремена“ или „условна“ ратификација прва ја пласираше ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на искуството на Црна Гора.

Оваа поранешна југословенска република документите неопходни за нејзиното членство во НАТО ги ратификуваше во април 2017 година, а Холандија и Шпанија извршија ратификација на Протоколот за членство на Црна Гора во Алијансата дури следниот месец.

Премиерот Заев ваквата иницијатива ја нарече „опција што вреди да се разгледа“.

– Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, за чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкулации, рече Заев.

Поврзани вести

Државата ќе им помогне на семејствата чии домови беа уништени од пожарот во Шуто Оризари

Никола Поповски

Вулин: Зошто Шекеринска не се слика под свастика и да објасни дека поминале 75 години од конфликтот и дека сега е време за добро управување

Никола Поповски

Маричиќ: Со новата методологија на ЕУ нема да има одложување

Viktor Jovanov

Агенција Европа: Париз „не е оптимист“ за старт на преговори со Северна Македонија

Влатко Зорба

Tест и карантин не треба само за Србија, Албанија и Косово

Влатко Зорба

По дождот, сонце и повисоки температури