МАКЕДОНИЈА

Пред седиштето на НАТО во Брисел се развеа знамето на С. Македонија (ФОТО)

Пред седиштето на НАТО во Брисел се развеа знамето на Македонија.

-Тука сме денеска да и посакаме добредојде на С. Македонија во семејство на НАТО.Триесет знамиња ќе се веат како симбол на нашето единство и солидарно семејство. С. Македонија по долги години заложби и напори успеа да ги воведе реформите, изјави во своето обраќање генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје  ја следеа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, после што ќе има свое кусо обраќање.

По церемонијата свое јавно обраќање имаше и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Ова е наградата по 3 години. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО – истакна Спасовски.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира укинувањето на лустрацијата со амандмани

Отворен ден со градоначалникот на Општина Центар

Влатко Зорба

Индекс за перцепција на корупцијата: Република С.Македонија на 106-то место од 180 рангирани земји

Никола Поповски

Во наредните 14 дена СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи

Царовска: Работиме на намалување на детската сиромаштија и на прашањето со децата на улица

Влатко Зорба

Царинската управа дополнително го подигна степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад