МАКЕДОНИЈА

Преку заеднички часови до подобра меѓуетничка интеграција на младите во Град Скопје

Денеска се одржа промоција на настанот за заеднички ученички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици. Настанот го организираа Град Скопје и Министерството за образование и наука, во соработка со Проектот на УСАИД, преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, како и ученици, наставници и претставници од образовните институции.

– Чест ми е што Град Скопје е домаќин на овој свечен настан на којшто ги прославуваме заедничките достигнувања во промовирањето на соживот кај нашите деца и зајакнувањето на меѓуетничката кохезија во училиштата. Денеска сме сведоци на напредокот на овие ученици и наставници, кои се доказ за тоа дека кога се работи со голем ентузијазам, нема недостижна цел! Jа покренавме оваа иницијатива за заеднички часови со ученици кои инаку учат на различни наставни јазици затоа што за жал, се чини дека вообичаено фокусот е на тоа колку сме различни и поделени. Меѓутоа, убедени сме дека само недостигот на позитивна интеракција меѓу младите од различни етнички заедници е тоа што води до недоразбирања, поделби и сегрегација. Кога учат заедно децата, кога се вклучуваат во разновидни активности заедно, можат самите да видат дека сите не сме исти, секој со свои посебни карактеристики, но дека имаме исти интереси и исти цели – рече Шилегов.

Поврзани вести

Комуналните служби на Општина Карпош дезинфицираат згради во Козле

Stefanija Kuzmanovska

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се однесува како подвоена личност

Никола Поповски

Јанкуловски: Одблокирани 5 милиони долари на Фондацијата „Атанас Близнакоф“, 31 студент добиваат стипендија од 1.000 евра

Влатко Зорба

Реисот Реџепи се огласи: За моите дела конечен судија ќе биде семоќниот Алах

Интензивно чистење на улици во Карпош 3

Влатко Зорба

Рагуза 360: По настанот со дерматолозите немавме други настани, објектот комплетно се дезинфицира од Институт за јавно здравје