МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски се сретна со шефицата на шведската дипломатија Линде

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, при што беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи.

Како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, во тој контекст, претседателот Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за интензивирање на соработката со Шведска во сферата на економијата и се заблагодари за континуираната поддршка од Шведската меѓународна агенција за развој за Северна Македонија.

Во контекст на европските аспирации на нашата држава, Пендаровски ја истакнал важноста на поддршката што Шведска ја дава за интеграцијата на Северна Македонија и државите од Западниот Балкан во Европската унија.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, европската интеграција останува стратешка цел за Северна Македонија. За Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга прифатлива алтернатива освен полноправно членство во ЕУ, се истакнува во соопштението.

Поврзани вести

Претседателот на Уставниот суд Мурати ќе се сретне со евроамбасадорот Жбогар

Ивана Рамаданова

Земени мостри за анализа од отпадната вода со црвена боја во Вардар

Уапсено лицето кое пукаше кон полицаец пред црквата „Св.Спас“ во Велес

Два земјотреса утрово го стресоа Штип

Видео-самит на лидерите од Западен Балкан: Пендаровски повика регионалната соработка да се фокусира на економијата

Македонски државјанин уапсен на Косово за нелегално преминување на границата

Никола Поповски