МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски телефонски разговараше со папата Франциск

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не се реализираше неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не беше остварена средбата со Неговата Светост.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, во телефонскиот разговор биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу земјава и Ватикан, кои се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

– Истакнувајќи ја историската важност на минатогодишната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски посочи на интересот на нашата држава за продлабочување на врските со Светиот Престол во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст претседателот Пендаровски го истакна придонесот на католичката заедница во Северна Македонија како во градењето на односите со Светиот Престол, така и во севкупните меѓурелигиски односи во земјата, се наведува во соопштението.

Покрај останатото, двајцата соговорници размениле и информации за актуелната состојба поврзана со пандемијата на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за улогата на папата Франциск во охрабрување на луѓето и нациите и поттикнувањето на солидарноста како клучен елемент за заедничка борба против пандемијата и последиците од неа. Претседателот Пендаровски го истакна и големиот придонес на Неговата Светост за глобалните прашања што нè засегаат сите, како што се мирот, борбата против сиромаштијата, хуманото постапување со бегалците и мигрантите, климатските промени и животната средина, се додава во соопштението.

Поврзани вести

Брегу: Иницијативата за „Мал Шенген“ е нужна

Текстилните работници ќе штрајкуваат во Штип, бараат подобри услови за работа

Влатко Зорба

Манчевски: Европската комисија евидентира дека атмосферата во медиумите и администрацијата е променета –

Viktor Jovanov

Дика: Општо познато е дека мојата сестра беше претседател на Меѓународниот сојуз

Stefanija Kuzmanovska

Инспектори на терен ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите

Stefanija Kuzmanovska

Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис 2020

Влатко Зорба