МАКЕДОНИЈА Хроника

Притвор за скопјанец за силување на 46-годишна жена

ОЈО Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , скопјанец на 55 годишна возраст, поради основано сомнение дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка. Осомничениот започнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. При тоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци  од кои оштетената се здобила со телесни повреди.

Во предметот до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​

Поврзани вести

СДСМ: 70 милиони евра  за рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата

Ивана Рамаданова

Контролори од Фондот за здравство обвинети за примање поткуп од 30.000 денари

Берта Китинска

Доминира ставот училиштата да се отворат од 1 септември, МОН има предлог-план

Берта Китинска

Расте бројот на заболени лица со Ковид 19 во градинките

Берта Китинска

Како гаранција дека нема да избега, Боки понуди 150.000 евра

Берта Китинска

Мицкоски: Ветингот во судството не може да ги спречи ургенциите