МАКЕДОНИЈА Хроника

Притворен 24-годишен дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за 24-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово,  биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш,  1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена.

Поврзани вести

Коцевски: Македонија е секуларна држава и црквата е должна да ги почитува законите

Град Скопје: Освен кај Камениот мост, денеска Вардар се чистеше и во Керамидница

Влатко Зорба

Конститутивната седница на Собранието продолжува во 12 часот

Никола Поповски

Измени во законот за решение на проблемот на локалното население со концесиите за експлоатација на минерални суровини

Stefanija Kuzmanovska

Делегација на Вооружените сили на Италија во дводневна официјална посета на земјава

Stefanija Kuzmanovska

(ГАЛЕРИЈА) Шницла од бизон се појави на плоштадот „Македонија“

Влатко Зорба