МАКЕДОНИЈА Хроника

Приведен полицаец за примање 2000 евра поткуп

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска  околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С.

„Постои основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ. И.С.од правно лице од Куманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери“, велат од МВР.

Според нив, сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности.

„Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен“, стои во соопштението на МВР.

Поврзани вести

Во западните и јужните делови дожд, попладне врнежите ќе прекинат

Влатко Зорба

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за образование

Собранието ги изгласа дополнувањата на Законот за студентски стандард и на Законот за ученички стандард

Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Европратеничката Валсман

Берта Китинска

Временска прогноза за наредните денови

Берта Китинска

ГАЛЕРИЈА: Во центарот на Скопје се појавија џиновски папучи со порака „Седете дома“

Берта Китинска