МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурата,на воздухот особено на северот, осетно ќе се намали.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела, а од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

Поврзани вести

Апелација ја одби како неоснована жалбата на Камчев за враќање на пасошот

Влатко Зорба

Со поддршка на Владата, ЕУ и Светска Банка се зголемуваат понудените содржини за туристи во Малешевијата

Влатко Зорба

Времето денес променливо облачно со повремен дожд

Stefanija Kuzmanovska

Мобилната болница до Инфективната клиника подготвена за прием на пациенти

Берта Китинска

Јанушев: Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри

Заев: Силна пролетна офанзива низ многу општини ширум државата

Влатко Зорба