МАКЕДОНИЈА

Првата пациентка нема коронавирус, оди на домашно лекување

Првозаболената пациентка од коронавирус е излечена и денеска добива отпусна листа, со што ќе оди на домашно лекување, информираше на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот кажа дека таа била тестирана за коронавирусот и тестот бил негативен, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.

Биле тестирани и лицата кои со истиот автобус со пациенктата се враќале од Италија и ниту еден нема коронавирус, а негативни на вирусот се и лицата со кои таа стапила во контакт откако се вратила во Скопје.

Тој посочи дека останатите 18 заболени од коронавирусот се во иста состојба како и вчера, односно само првата пациентка од Дебар е ставена на машина за механичка вентилација, а останатите се во добра состојба.

Фото: Борче Поповски

 

Поврзани вести

Поднесени прекршочни пријави за активистите на Fridays For Future поради вчерашната герила акција (видео)

Никола Поповски

Се чека одлука на Џафери кога ќе се гласа Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески

Јовановски за коронавирусот: Партискиот интерес да се стави на страна и да надвладее разумот

Viktor Jovanov

Пендаровски стави потпис на Инструментот за пристапување кон НАТО

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство

Никола Поповски

Почина 27-годишната родилка позитивна на Ковид-19 од Куманово

Берта Китинска