МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во Велес во 2020 е женско

Утринава на 2 јануари 2020 година, во 09:08 часот, Марија Иванова ја донесе на свет, Изабела – првото новороденче во Велес во 2020 година.

Бебето е тешко 3420 грама, а долго 52 см. Ова е втора рожба на Марија. Традиционално, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го посети првороденото дете во Велес и неговите родители и им подели подароци, посакувајќи им добро здравје и многу среќа. Во оваа прилика тој им ја честиташе и новата година. Градоначалникот Коцевски им ги честиташе новогодишните и божиќни празници и на вработените во ЈЗУ Општа болница, Велес.

Поврзани вести

Заев: Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец е комплетно популистичка и националистичка

Време, умерено облачно и потопло

Бројот на заразени со Ковид-19 во Скопје е во континуиран пад, нови жаришта има во пет градови, вели Филипче

Нуредини: Работиме на зачувување на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата

Во Дебар и Центар Жупа строго се почитуваат препораките

Влатко Зорба

Македонците во Албанија го одбележаа Христовото раѓање – Божик