МАКЕДОНИЈА

Рахиќ: Паниката не е поради коронавирусот, затворениците сакаат да ги ослободиме по примерот во други држави

Паниката која се шири во затворот во Шуто Оризари не е главно поради корона вирусот, туку создадена е по информациите дека некои влади ги пуштиле притворениците во домашен притвор, што наиде на такви барања и овде, вели директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“.

-Кај оние кои контактирале со починатото лице заразено од коронавирусот се  шестмина полицајци и тие се во карантин по непосреден контакт со лицето. Но, паниката беше предизвикана од една друга причина. Слушнале одредени влади дека пуштале лица дома и оттаму и овде барањата. Набавени се брзи тестови, 25 притворени лица се тестирани и кај ниеден нема позитивен тест, изјави Рахиќ.Тој соопшти дека на 18.март со директорот на Управата за санкции разговарале одредени лица да бидат пуштени во домашен притвор, главно лица со полесни казни кои ги исполнуваат условите.Одреден дел на притворени луѓе можат да бидат пуштени затоа што седат внатре, а обвинети се за престапни прекршоци. На некои од нив завршена им е истрагата и очекуваме од Владата да излезе во пресрет да се релаксира состојбата, рече Рахиќ.

Поврзани вести

МЗ: Кривата на излекувани од Ковид-19 стрмно расте

Пожарникарот Борис Станковски испрати отворено писмо до министерот Филипче: „Поминав низ голем страв, ме напрвивте позитивен на Ковид 19, а сите тестови покажуваат негативни резултати“

Државниот карантин од 15 дена за граѓаните на товар на државата

Граѓаните реагираат: „Нема да има мерки ако постапуваме совесно, ем сме без осет, а од друга страна и се лутиме“

Берта Китинска

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Stefanija Kuzmanovska

Пендаровски: Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! (ВИДЕО)

Берта Китинска