МАКЕДОНИЈА

Редици на бензиските станици по најавата за поскапување на горивата (ФОТО)

Редици на бензиските станици попладнево во Скопје по најавата за зголемување на цената на горивата.

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

Бензинска станицаБензинска станицаБензинска станица

Фото: Стандард

Поврзани вести

ЗНМ бара да се истражи случајот со Салиу: Недозволиво е вакви работи да се случуваат на Сенот на македонската полиција!

Во Чаир најголем број активни случаи

Влатко Зорба

Даниловски: Бугарите се најуспешни на Балканот во справувањето, ние сме пред Словенците

Министерството за здравство обезбеди современа биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања

Промоција на книгата „Ќе се завијам во песни“ во КИЦ

Maja_Serafimova

Османи: Секоја фирма преку ковид-координатор директно ќе го следи спроведувањето на мерките

Берта Китинска