МАКЕДОНИЈА

„Рекет“: Боки-13 ќе ја даде својата одбрана

После многу презентирани докази од страна на обвинителството и одбраната на денешното рочиште на „Рекет“, својата одбрана е предвидено да ја даде обвинетиот Боки 13, односно обвинетата Катица Јанева.

На последното рочиште за овој случај во дополнение на доказна постапка одбраната презентираше неколку доказни материјали, меѓу кој остави впечаток кривичната тужба поднесена од страна на Јанева, против Боки-13, на незаконско снимање. Истовремено одбрана на Боки-13 реагираше дека судечкиот совет не ги прифатил како сведоци поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Поврзани вести

Марковски: Од престрогите мерки имаме многу неимунизирано население, а со олабавувањето зголемен број на позитивни

Берта Китинска

Отворени прифатните пунктови за бездомни лица

Никола Поповски

Возачот изгубил контрола и удрил во четири деца, почина 4-годишно дете во струмичко

Кривичен одби да им даде дозвола за нови пасоши со ограничен рок на Камчев и Панделевски

Богдановиќ: Убеден сум дека ќе најдеме заеднички јазик со „Никофон“ во интерес на граѓаните

Александар Тодески

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица