МАКЕДОНИЈА Скопје

Реконструиран булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Аеродром

Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром.

На потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до булеварот „Февруарски поход“, во должина од  700 метри во двете насоки, освен обнова на асфалтот, беше направена и нивелација на постојните шахти и сливници за одведување атмосферска вода, како и замена на оштетените рабници на булеварот.

– Град Скопје со оваа реконструкција направи уште еден градежен зафат што во иднина ќе влијае врз олеснувањето на сообраќајниот метеж во овој дел од градот, бидејќи со целосната реконструкција на булеварот Февруарски поход, завршувањето на првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, како и градбата на новиот мост од улица  Васко Карангелевски кон Ќерамидница, граѓаните ќе добијат уште една сообраќајна алтернатива за намалување на времето што го поминуваат во возилата, се наведува во денешното соопштение од Град Скопје.

Поврзани вести

Петровска: Треба да испратиме порака дека МВР професионално ќе ги организира и спроведе изборите

Stefanija Kuzmanovska

Д-р Арбен Аголи од Дебар: Здравствената состојба на пациентите е релативно добра

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Малиот Ајан оздравен замина дома од Клиниката за детски болести

Александар Петровски

Заев за кандидатите за пратеници: Ова се луѓето кои ја носат веќе извесната победа

Почина примариус д-р Константин Нича, најстариот битолски лекар

Седници на неколку собраниски комисии

Никола Поповски