МАКЕДОНИЈА

Републичките тимови спроведуваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.

Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.

На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.

Досега тимовите лоцираа и извадија од урнатните две починати лица на две локации во срушените згради.

Владата на РСМ вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Поврзани вести

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците за разрешување на Рашела Мизрахи

Берта Китинска

Филипче: Постојат два типови на тестови, со едниот се утврдува носителот на вирусот и дали може да ја прошири болеста

Шекеринска: Членството во ЕУ е една од двете главни надворешно-политички цели на државата со децении

Александар Тодески

Најмногу дожд наврнал во Дојран – 27 литри на метар квадратен

Влатко Зорба

Времето денес сончево и топло

Берта Китинска

МВР: Комисија разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши