МАКЕДОНИЈА

Резултати од анкети за изборите може да се објавуваат најдоцна до 9 јули, велат од АВМУ

Најдоцна до 24 часот на 9 јули може да се објавуваат резултати од испитувања на јавното мислење во врска со Предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, потсетувајќи ги радиодифузерите на одредбите од Изборниот законик за објавување резултати најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите.

АВМУ воедно укажува дека при објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Поврзани вести

ДУИ со поддршка за разрешување на Мизрахи – Не го почитува Преспанскиот договор

Александар Тодески

Заболени осудени и притворени лица нема, тврдат од Управата за извршување на санкциите

Меркел смета дека ЕУ мора силно да работи со Скопје и Тирана за да се ублажи ударот

Влатко Зорба

Во три македонски града има само по еден активен позитивен случај на вирусот

Обраќање на премиерот Спасовски по повод Денот на Републиката – Илинден (ВО ЖИВО)

Александар Петровски

За викендот пораст на температурите