МАКЕДОНИЈА

Рускоска: Оштетата од 10.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донирам на СОС Детското село

Јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Рускоска, објави дека сумата која ја бара како отштета од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја донира во хуманитарни цели.

„Оштетата од 10.000 евра од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ако ги добијам ќе ги дадам во хуманитарни цели, односно ќе ги донирам на СОС Детското село. Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен“, изјавила Рускоска.

Шефицата на обвинителството преку тужба за клевета бара 10 000 евра оштета од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги користеше нејзините име и лик во предизборната кампања.

Овој спор, Рускоска ќе го води пред граѓанскиот суд, а првото рочиште е закажано за 23 септември.

Поврзани вести

Јанева куќниот притвор ќе го издржува во Гевгелија

Александар Петровски

Облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег

Влатко Зорба

Царовска: Направивме реформа што го менува начинот на кој се грижиме за најсиромашните (ВИДЕО)

user3

Милевски: Се грижиме за најстарите со градење на старечки домови

МЗ: 176 нови случаи на Ковид-19, девет лица починаа

Влатко Зорба

Николовски: Инстиуциите разочараа многумина, затоа сме во мисија да ја вратиме довербата

Берта Китинска