МАКЕДОНИЈА

Рускоска со цитат од Делчев го започна судењето за 27 април, обвинетите не се чуствуваат виновни

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се одржува ново рочиште за случајот за организацијата на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во предметот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Првото рочиште за овој судски процес беше закажано за 21 февруари, меѓутоа, до давање воведни зборови и произнесување за вина воопшто не дојде бидејќи одбраната има неколку приговори и барања за да ги добие сите докази кои ги предлага обвинителството.

Судијата Илија Трпков го утврди идентитетот на обвинетите лица во овој случај.

Во воведниот говор Вилма Русковска истакна дека обвинителството ќе докаже дека овие обвинети изготвиле план да го загрозат Уставниот поредок и безбедноста.

„За да добиете целосна слика за овој настан, замислете мозаик. Секој од ове обвимети, претставува коцка од мозаикот. Доколку едната коцка ја нема, мозаикот не би бил целосен и ме би функционирал. Сигурна сум дека ќе слушнеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски се наоѓале во штабот, Трајко Велјановски бил во собранието и не знаел за никаков план за упад во собранието. Вистината е дека Ристовски и Јанакиевски организирале превоз за поголема масивност на луѓе кои ќе влезат во собранието. Ќе ги чуете и какви пораки се испраќани при организација на овој настан“, изјави Русковска во воведните зборови.

Рускоска воведните зборови ги заврши со цитат од Гоце Делчев.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“.

Обвинетиот Трајко Велјановски се произнесе дека не се чувствува за виновен.

„Не се чувствувам ни најмалку виновен. Станува за класичен политички монтиран случај од актуелната власт“, изјави Велјановски.

Дека не се чувствуваат виновни, се произнесоа и Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски.

И.Р.

Поврзани вести

МЗШВ: Во тек четири јавни повици за давање закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Ивана Рамаданова

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била донесена малолетничка со прострелна рана во главата

Главната расправа за случајот „Змиско око“ е формално завршена

Почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ивана Рамаданова

Пратениците ќе ги разгледуваат намалените глоби за прекршоци против јавниот ред и мир

Александар Тодески

Гаши: Мислам дека треба да се случи процес на редефинирање

Александар Тодески