МАКЕДОНИЈА Политика

Самоопределување: Албанците ќе бидат решавачки елемент за победникот на изборите во С.Македонија

Најголемата опозициска партија во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ), им честита на Албанците во Северна Македонија за исходот на вчерашните вонедни парламентарни избори, оценувајќи дека бројката „од 32 до 34 пратеници“ е најдобриот резултат што Албанците го постигнале од осамостојувањето на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата предводена од Албин Курти, преку соопштение до јавноста, кое попладнево го пренесоа медиумите во Приштина, си припишува заслуги за „големото учество на Албанците“ на овие избори и за најголемиот број на пратеници Албанци во Собранието во Северна Македонија од нејзиното осамостојување.

– Додека се уште ги чекаме конечните резултати, добрата вест е дека според резултатите кои ги пренесува Државната изборна комисија, во македонското Собрание ќе седат меѓу 32 и 34 пратеници Албанци. Тоа е и своевиен рекорд, затоа што претходната најголема бројка на пратеници Албанци изнесуваше 29. Влијаеше, меѓу другото, и залагањето на Движењето самоопределување, кое го поттикна големото учество на Албанците на овие избори, се вели во соопштението на ВВ.

Партијата која до пред месец и половина беше на власт во Косово, ја повтори намерата, која првично ја објави во јуни годинава, дека наскоро ќе основа сопствен центар, односно ќе се легитимира како политички субјект во Северна Македонија.

– ВВ наскоро ќе отвори свој центар во Северна Македонија. Заедно ќе се залагаме и ќе се организираме, отворени за пријателство со секој искрен пријател, со цел позитивните и прогресивни процеси да се забрзаат, а оние негативните, дискриминирачки и назадни да се запрат. Албанците ќе бидат решавачки елемент за победникот на изборите, но и за формирањето на владата во Северна Македонија, порача најголемата опозициска партија во Косово, на чие чело е доскорешниот косовски премиер, Албин Курти.

Поврзани вести

Бертолини: Нема ниту една земја во регионот која направила толку многу во изминтите 2-3 години

Влатко Зорба

Десковска за предлог министерот за МВР на Мицкоски: Покрај толку советници да дадеш противуставен предлог

Заев: Ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе

Влатко Зорба

Спасовски: Критиката кон Катица Јанева ја упатив уште во јануари за притворањето на одредени осомничени и нивно ослободување

Филипов: Прашањето околу трговските марки предизвика многу повеќе политички интерес, но тоа е деловен проблем

Влатко Зорба

Апасиев: Законот за ЈО е мачкање очи за големите риби да куртулат од затвор

Viktor Jovanov