МАКЕДОНИЈА

Сарај: Вкупно 41 заразен со коронавирус, градоначалникот бара помасовно тестирање

Градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети на денешната прес-конференција открил дека во оваа општина има вкупно 41 заразен од коронавирус.

„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, изјавил Беџети.

Тој побарал масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелирал до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Им порача да избегнуваат масовни и семејни собири.

Според него, само со 700 тестирања на ден можеме да дознаеме колку има заразени.

Поврзани вести

СВР Битола поднесе кривична пријава против ексдиректор на Државниот инспекторат за земјоделство

Чулев: Полицијата подготвена да обезбеди услови за фер и демократски избори

Филипче: Жените со КОВИД-19 можат да дојат ако сакаат

Влатко Зорба

Бројот на починати лица во земјава лани пораснал за 3,6 отсто

Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

Ивана Рамаданова

Груби: Нема враќање од Охридскиот и Преспанскиот договор