МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Четвриот пакет антикризни мерки обезбедува уште поголема поддршка на граѓаните и стопанството

Стотици илјади работни места се спасени, обезбедена е помош за десетици илјади компании, благодарение на ефикасните и навремени мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ за справување со економските последици од пандемијата со коронавирусот, која го зафати целиот свет.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Спасени се 120.000 реални работни места во нашата економија, обезбедена е егзистенција за 120.000 семејства.

Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Тие се поддржани со над четири милиони евра во април, мај и јуни годинава.

Во фокусот на СДСМ се граѓаните и економијата. Токму затоа го подготвуваме четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

МАСИТ формира тело за изнаоѓање решение за реализација на наставата

Никола Поповски

Нови 10 случаи на Ковид-19 во Кавадарци, претежно млади

Берта Китинска

МВР: Регистрирани 329 прекршоци за неносење маски

Здружение на судии: Најостро ги осудуваме нападите врз независноста на судството

Никола Поповски

Петровска: Мнозинството вработени едвај чекаат да заврши „техничкото МВРО“

Влатко Зорба

Близнаци се првородените бебиња во Скопје