МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Го известивме Пендаровски дека мандатор за составување на новата Влада е Заев

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

–  Со оглед на истекот на уставните десет дена после конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до Коалицијата Можеме беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатор за состав на Владата на Република Северна Македонија. Од страна на СДСМ и Kоалицијата “Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.
– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти претходно денеска кабинетот на претседателот на државата.

Поврзани вести

Нова аудио-бомба со учество на Заев

Влатко Зорба

МЗ: Се бара механизам за кофинансираните специјализанти

Влатко Зорба

Димитров: С.Македонија и Австрија континуирано градат релации на пријателство и партнерство, почнувајќи од 23 декември 1994 година

ДС: За да може секој граѓанин, и Албанец и Македонец, да стане премиер, една изборна единица и отворени листи!

Мисајловски: За младите до 29 години ќе има посебно место за вработување во бизнисот да нема давачки за нив

Костадинов: Опозицијата опструира закони кои значат подобрување на животниот стандард (ВИДЕО)

Влатко Зорба