МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Го осудуваме нападот врз активистот Асани, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите

Го осудуваме нападот врз активистот Асани, насилството е недозволиво, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани.

Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.

Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина.

Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Нови 40 случаи позитивни на коронавирусот во Куманово, ќе има ли 14-дневен каратин?

Берта Китинска

Втората лидерска средба без епилог

Шест милиони денари субвенции за клима-уреди и за велосипеди во Прилеп

Берта Китинска

Најчевска: Дајте бре не цмиздредте туку засукајте ракави и да ја менуваме државата

Влатко Зорба

Тодоров: Што е битно за граѓаните дали е крив Филипче или Чулев, битно е дека имаме над 100 заболени дневно

Влатко Зорба

Мицкоски не гледа причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Влатко Зорба