МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Граѓаните видоа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата опасност за нивното здравје и затоа ги казнија

Од СДСМ излегоа со реакција на сооопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, граѓаните виделе дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата опасност за нивното здравје и затоа ги казнија, не дозволија тие да продолжат да го уништуваат здравствениот систем.

„Граѓаните знаат дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема опасност за нивното здравје и затоа ги казнија на избори. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со нивното опасно однесување во изборниот период, но и во текот на целата здравствена криза постојано го загрозуваа здравјето на сите, не почитуваа никакви мерки за заштита, ги кршea сите протоколи, се обидуваа да го поткопаат здравствениот систем со манипулации и лажни вести. На Мицкоски поважно му беше да оди по теретани и кафеани кога тоа беше забрането и да води здравствено небезбедна кампања, отколку да даде каков било придонес во спречување на ширењето на коронавирусот“, пишуваат од СДСМ.

Според нив, наместо да им даде поддршка на здравствените работници, Мицкоски ги етикетирал, го потценувал нивниот труд и напор сите овие изминати месеци и ги омаловажувал.

„Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев намерно не ги спроведуваше мерките на Владата, не казнуваше и придонесе за ширење на коронавирусот, а и тој седеше по кафеани без никаква заштита и дистанца. Граѓаните тоа го видоа и затоа ги казнија на последните избори. СДСМ продолжува да вложува во здравството, создава ефикасен систем и ефикасна здравствена заштита, заедно со граѓаните ќе ги победиме и коронавирусот и сите опструкции“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

Институт „Крсте Мисирков“: Негирањето на македонскиот јазик е свесна провокација

Ивана Рамаданова

Заев: Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со транспарентни и отчетни институции

Влатко Зорба

Адеми: ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократскa и мирнa

Stefanija Kuzmanovska

Град Скопје подготви сервисни информации за граѓаните за време на викенд карантинот

Влада: Закон за евидентирање на лицата „фантоми“

Ивана Рамаданова

Двете големи партии ќе се откажат од потпретседателите во Собранието, шанса за помалите

Берта Китинска