МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Груевски е нарачател на вчерашниот марш, Мицкоски го извршува тоа што ќе му го нареди шефот

Од СДСМ излегоа со соопштение по повод новиот Фејсбук статус на екс-премиерот Никола Груевски.

Во соопштението тие наведуваат дека по вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, се јавил вистинскиот лидер на оваа партија, човекот кој е нарачател на маршот.

„Шефот на Мицкоски практично потврдува дека тој стои зад целата операција во Скопје за крвавиот 27-ми април. Мицкоски не може да излезе од контролата на Груевски ниту да донесе автономни одлуки одлуки. Тој е извршител на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, објавија од СДСМ.
Според нив, главна задача на Груевски било да обезбеди амнестија, но тоа нема да се случи, затоа што за него ќе следува само одговорност.
„Не успеаја нарачките од Будимпешта по секоја цена да се блокира и опструира Законот за Јавно обвинителство во обвинителство, донесен со двотретинско мнозинство и поддржан од ЕУ, САД, од демократскиот свет. Законот е најголема закана за извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски. Со Законот за ЈО поставени се темелите на правната држава, секој што се огрешил да одговара пред законите“, заклучуваат од СДСМ.

Поврзани вести

Седум градови имаат трицифрен број на активни случаи на Ковид-19

Никола Поповски

„Ромалитико“ за предлог законот за отпис на каматите и репрограмирање на долговите: Кој ќе ги штити правата на најранливите?

Влатко Зорба

Спасовски: Секој кој мисли дека ќе профитира врз грбот на граѓаните во оваа криза, се лаже

Viktor Jovanov

Над 70 проценти од заболените со коронавирусот се во овие три града

Берта Китинска

Ресенското обвинителство постапува против шест лица за непочитување на полицискиот час

Бугарски новинар: Груевски воведе методологија која врши антибугарска пропаганда

Никола Поповски