МАКЕДОНИЈА

СДСМ и БЕСА објавија предизборна коалиција

,,Рамноправен развој на сите сфери во целата држава“-  денеска ja промовираа СДСМ и движењето БЕСА.

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во 12 часот во Музејот на современа уметност го официјализират предизборниот договор за заеднички настап на парламентарните избори на 12 април.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

СДСМ и Беса се залагаат за негување и почитување на правата на сите етничките заедници, развој, создавање подобри услови за сите граѓани за да ја градат својата иднина овде, за борба проти корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.

Ова  е прв договор за коалицирање меѓу партии од двата доминантни политички кампуси во земјава на парламентарни избори. Како што сè уште неофицијално се најавува, лидерот на Беса, Билал Касами, би бил носител на листа на коалицијата во шестата изборна единица. Беса би имала кандидати за пратеници во добитни комбинации и на листите во другите изборни региони со мешан етнички состав, односно во првата, втората и во петтата ИЕ.

За Заев, пак, се очекува да биде носител на листата на коалицијата во четвртата изборна единица, во чиј состав е и Струмица, каде што тој настапуваше како носител и во минатите циклуси парламентарни избори.

Поврзани вести

СДСМ: Граѓани внимавајте, извршителот Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ќе оделе во населени места маскирани во компетентни кандидати

Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Трајановски: Ние сме едни од ретките кои со мобилен телефон може да платиме во автобус

Владата ги усвои програмите за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва

Никола Поповски

Со испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски почна рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“

Денеска облачно и повремено врнежливо време

Влатко Зорба