МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето и лош пример кој не треба да се следи

Од СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со нивното крајно неодоговрно и незрело однесување, во состојба кога глобалната пандемија на коронавирусот бара општествена одговорност и дисциплинирано почитување на мерките за заштита.

„Организирањето на партиски собир како тој во Ново Лисиче, спротивно на сите протоколи за заштита на здравјето е уште еден доказ дека оваа партија воопшто нема никаква грижа ниту совест кон граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките, а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре.

Претходно, неодговорниот, незрел и опасен по здравјето Христијан Мицкоски одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, одеше во кафана во затворен простор, кога тоа беше забрането“, велат од СДСМ.

Според нив, јавноста е сведок на непочитување прописи и мерки од страна на Мицкоски и смислено ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните, да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат лошиот  пример на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму заради ваквото незрело, неодговорно и несериозно однесување, на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ , ќе бидат казнети од страна на граѓаните . СДСМ била и останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и покажува вистинска грижа за заштита на нивното здравје. СДСМ е заедно со граѓаните во борбата со сите предизвици“, заклучуваат од СДСМ.

Поврзани вести

Мигрантите во поголем број повторно се вратија на патиштата – стари проблеми за превозниците

Дурловски: Сите знаете дека сме Македонци од Македонија

Влатко Зорба

Изминатата недела во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на коронавирус

Двајца планинари се искачија на највисокиот врв во Турција

Влатко Зорба

Маричиќ: Бугарскиот документ не значи автоматска блокада и прекин на преговорите уште пред нивниот почеток

Влатко Зорба

Дуковски: Обвинителството нема доказ во предметот против Боки 13