МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Нема толеранција за заканите со фашистички наратив на Левица

СДСМ излезе со соопштение во кое ја обвинува политичката партија Левица и нејзини претставници дека шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.

„СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правда доаѓа за сите.Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз“, се вели во реакцијата на партијата.

Според нив, СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.

„Во демократска слободна европска држава како што е Северна Македонија нема место за закани.Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Селмани: Ние како држава можеме да се гордееме со тоа што сме на ниво на Хрватска со направени тестови на 100 000 жители

РСБСП: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!

Берта Китинска

Дервишова бара да се запре со сите рестриктивни мерки, д-р Даниловски и порача да си ги освежи своите знаења од вирусологија

Османи: ДУИ ќе одлучи која партија ќе учествува во нашата Влада

Влатко Зорба

ЦИВИЛ: Забележан е организиран превоз на гласачи во Штип

Седница на Советот за безбедност