МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Од секој дуел Мицкоски секогаш поразен завршувал

ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има. Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал. Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ, изјавија од СДСМ , по изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази.Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години.
Од „заробена држава“ за само 2.5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слобдна, демократска, економски напредна држава.Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.

Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите.Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%.Извршителот Мицкоски чекор назад, претседателот Зоран Заев три чекори напред!Затоа Мицкоски нека се подготви за нов пораз, а најголемиот го следи на 12 април!, велат од СДСМ.

Поврзани вести

Нема растојание меѓу посетителите и никој не носи маска: Концерт на Петар Грашо во Битола (видео)

Никола Поповски

Во вторник пристигнуваат 297 граѓани од Северна Италија

Влатко Зорба

Поповски: „Факти“ поврзани со Форбс се изработени за конзорциум на фирми и НВОа чиј газда е олигарх од Молдавија

Зиков: Институциите во Македонија функционираат, со директорката треба да се постапи согласно законот

Viktor Jovanov

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ стоеше на страна кога преговаравме со Бугарија, a сега зборува за решавање на проблеми

По коронавирусот, повторно ќе се бориме со загадувањето

Берта Китинска