МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Потврдени заложбите на Владата за превенција и борба против корупцијата

Значителен и суштински напредок во борбата против корупцијата постигна Република Северна Македонија, што се должи на посветеноста, мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и претставува чекор поблиску до Европската унија.

Ова е потврдено во најновиот извештај на ГРЕКО, тело на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди, и досегашната оценка за усогласеност на препораките од „генерално незадоволителна“, сега ја покачи на „задоволителна“.

Овој извештај покажува дека нашата земја оди по вистинскиот пат, односно дека повеќе не е во групата на земји кои не ги почитуваат правилата и практиката на ГРЕКО.

ГРЕКО во 2014 година даде 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството и ја смести државата во групата генерално незадоволителни.

Поради исполнување на препораките, меѓу кои се истакнуваат неприсуството на министрите за правда на седниците на Судскиот совет, носењето на нов Закон за ЈО, нов Закон за судови, донесувањето на единствен етички кодекс на јавните обвинители, кодекс за судска етика, мерки за јакнење на независноста, департизираноста и интегритетот на судиите поротници, државата се искачи скалило погоре во борбата против корупцијата.

Со ова јасно се потврдува одлучната и фокусирана акција на Владата предводена од СДСМ во изминатиот период во насока на спречување на корупцијата, промоција на интегритетот кај централната власт и органите за спроведување на законот.

Напредокот претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на СДСМ за градење на стандарди и принципи за превенција и борба против корупцијата.

Продолжуваме посветено да работиме на спречување на криминалот и корупцијата во државата во сите области, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Иницијативен одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не собра храброст да ја понуди својата оставка пред членството на партијата

Филипче: Во моментов на респиратор се приклучени 7 пациенти, за жал смртноста е голема

Мицкоски: Државата и стандардот на граѓаните е пред нова опасност за колапс

Во Влае први ќе почнат со селекција на отпадот

Влатко Зорба

Адвокатот на Тони Трајковски бара престанок на мандатот на поротник, во спротивно најавува кривични пријави

Каракачанов: Не можеме да направиме компромис меѓу вашите научни измислици и лаги и нашите историски факти