МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот, туку и дрско лаже

Владејачката СДСМ објавувајќи ја фотографијата во која се гледа дека на прес-конференција на претходната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска стои табла согласно новото уставно име.

„Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже. Лага е дека немало нова табла како што лаже Мизрахи. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија истакнуваат дека Мизрахи по налог на Мицкоски и Груевски го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ, ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади.

„Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски, извршителот на Никола Груевски. Целта на извршителот Мицкоски е да се вратиме во изолација, во режим, да бидеме надовр од НАТО и ЕУ. Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО. Затоа на 12 април уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики ќе бидат поразени“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Филипче тврди дека се во тек подготовки за распишување 30 огласи за специјалистички ординации

user3

Заев: Нема да дозволам влакно да им фали на главата на моето семејство

Ивана Рамаданова

Сончево со мала облачност и температура до 16 степени

Берта Китинска

Усеини доби 30 годишна концесија за експлоатација на варовник

Влатко Зорба

Спасовски технички премиер, дополнителен заменик во МВР се бира меѓу Пивоваров и Зечевиќ

Александар Тодески

Уставните судии со различни ставови за амнестијата за „27 април“

Stefanija Kuzmanovska