МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Ристески и Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните во Прилеп

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, рече во денешната изјава за медиумите Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.

„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19“, нагласи Попоски.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата и го повика министерот Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

 

Поврзани вести

Гаши: Официјалното членство во НАТО големо признание за сите граѓани на нашата земја

Влатко Зорба

Еве каква е состојбата на патиштата, по тридневен карантин (ВИДЕО)

Судбината на Северна Македонија и Албанија во рацете на Холандија

user3

Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација

Тимовите на Црвениот крст ќе им помагаат на ранливите категории граѓани

Мерко: Треба достоинствено и натаму да ги применуваме мерките за заштита од коронавирусот

Влатко Зорба