МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Системски се грижиме за заштита на животната средина

Почнува со реализација пречистителната станица Скопје која ќе се гради на реката Вардар, како една од најголемите инвестиции за инфраструктурен проект за заштита на животна средина во земјава, соопштија од владеачката СДСМ.

„СДСМ трајно го решеава третманот на отпадни води во Скопје. Инвестираме во проект што му е ургентно потребен на Скопје, затоа што зголемувањето на населението, урбанизацијата и брзата индустријализација континуирано ја зголемуваат количината на непрочистени води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар“, стои во соопштението.

Од таму информираат дека, проектот ќе чини 136 милиони евра, а средствата се обезбедени преку кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка и треба да биде пуштен во употреба во 2025 година.

„Годишно, пречистителната станица ќе третира над 50  милиони кубни отпадна вода. Прочистената отпадна вода, ќе го намали нивото на загадување на реката Вардар. Веќе се направени пречистителни станици во Прилеп, Радовиш, Струмица и Кичево“, велат од СДСМ.

 

Поврзани вести

Во Кичево денеска нема нови лица заразени од коронавирус

„Христос Воскресе – Навистина Воскресе“: Граѓаните од своите домови, точно на полноќ го прославија Велигден

Берта Китинска

Од утре сончево и многу топло време

СВР Скопје: Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ивана Рамаданова

По состанокот со владините преставници: Дел од лозарите задоволни, дел сметаат дека цените се ниски

Никола Поповски

Рахиќ: Затворениците ќе работата занаетчиски работи во „Шутка“ и ќе земаат плата

Viktor Jovanov