МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Следува четвртиот пакет антикризни мерки за справување со последиците од коронавирусот

Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата.

Само преку мерката “купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ.

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош.Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.

Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Паралелно, преку мерката “Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки.

Почитувани,

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Нема потврда за посетата на Макрон, Тимоние вели дека најавата била пред закажувањето на избори

Влатко Зорба

ВИДЕО: Вонредно обраќање на претседателот Стево Пендаровски

Александар Тодески

(ГАЛЕРИЈА) Протест пред УСЈЕ, оттаму велат дека ништо не кријат и постојано се отворени за граѓаните

Влатко Зорба

Таравари: Ахмети треба да се пензионира неговото време заврши

Берта Китинска

Груби – Холштајн: Берлин продолжува да ја поддржи Македонија на нејзиниот евро-интеграциски пат

Берта Китинска

Влада: Договорот со Бугарија создава правна рамка за унапредување на билатералните односи

Берта Китинска