МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот заради криминални проекти, Мицкоски нека учи економија, сега парите завршуваат кај граѓаните

Додека ВМРО-ДПМНЕ фрлаа народни пари во споменици , жални врби и други криминални проекти, СДСМ преку Владата која ја предводи, инвестира во нови патишта, канализации и водоводи, железници и многу други капитални инвестиции кои се од суштинско значење за развојот на нашата држава.

Само заради криминални проекти ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот, а денес Мицкоски ја продолжува расипничката матрица на неговиот ментор Никола Груевски и се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните а не во белиот дворец.

Мицкоски може да гледа и да учи како се работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, државата и економијата.

Ланската 2019 година беше доказ за успешна година на полето на реализирани капитални проекти кои достигнаа високи 86 отсто. Се инвестираше во гасификација, железница, комунална инфраструктура, социјални станови.

И во време на пандемија од корона вирусот на светско ниво, од која не сме поштедени ниту ние како држава, оваа 2020 година продолжуваме со реализација на уште повеќе капитални проекти.

Градиме 260 км автопат, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.

Нашата земја ланската година и оваа 2020 година, во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

И во тешки и специфични услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Претходно, само по добивањето на поканата за членство за НАТО во 2018 година, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со 2017 година.

За неполни 3 години, Владата предводена од СДСМ успеа негативното салдо од 1.8%, БДП да го подигне на 3.6%. Тоа се фактите кои не може да ги порече ниту една лажна загриженост на незрелиот Мицкоски.

Неодговорно и нереално од страна на Мицкоски е да споредува процент на реализација на капитални инвестиции само во првите 4 месеци од годината , кога до комплетната реализација остануваат уште 8 месеци од годината.

Но тоа не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се научени само да земаат и да се противат на секоја мерки што значи повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во стопанството.

СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата, Мицкоски нека учи економија, се цели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Христијан Мицкоски.

Поврзани вести

Ангелов: Иако бев 100% во право, сваровски судството го прогласи Латас за невин, а јас платив 6.000 евра трошоци

Влатко Зорба

Кочоска: Ми забранија да имам увид во сметките и во буџетот (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Директорите на Здравствен Дом Скопје се откажуваат од мартовската плата, средствата се пренаменуваат за Итната медицинска помош

Најдановска-Алулоска: Апелирам родителите да не се плашат кога децата имаат зголемена температура и симптоми слични на грип

Берта Китинска

Загина мотоциклист по судир со камион во Гази Баба

Собранието денеска ќе ја продолжи 130-та седница.

Никола Поповски