МАКЕДОНИЈА Политика

СДСМ: Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото

СДСМ излезе со соопштение, во кое вели дека граѓаните на Република Северна Македонија се одлучија за демократскиот и европски концепт на СДСМ, кој води напред кон Европа, кон нова развојна економија, кон сигурна иднина и правда.

„Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност. Одиме напред уште подобро, со конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат потребите на граѓаните, со ефикасни планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата. СДСМ има решенија и има капацитет нив да ги реализира уште подобро и уште повеќе“, стои во соопштението.

Според СДСМ, членството во НАТО е завршена работа, можеме и во ЕУ.

„Владата предводена од СДСМ ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Во наредниот период не очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден. Иднатата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди конкретни политики кои ќе обезбедат подобар економски стандард за сите и конкретни реформи и резултати на полето на правдата. После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка. Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница. Граѓаните се одлучија за напредок, развој и европска иднина, СДСМ со целиот свој потенцијал и капацитет тоа ќе го реализира“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани вести

Скопјанец паднал во автобус на ЈСП, со тешки повреди пренесен на клиника

Петровска поднесува кривични пријави против Чулев за несовесно и нестручно работење

Ивана Рамаданова

Заев: Јас не одам во теретана како Мицкоски, играм пинг-понг додека го чекам да се одлучи за изборите

Македонија: 12,1 отсто од новородените деца во 2018 година биле од вонбрачни заедници

Влатко Зорба

Објавен повик за чартер летови за наши државјани од Љубљана

Влатко Зорба

„Траекторија“: Судот го ослободи Никола Груевски од обвинение

Ивана Рамаданова