МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Заштитата на јавното здравје зависи од секој поединец, секој да даде придонес во борбата против коронавирусот

Во период кога есенскиот бран на коронавирусот зема замав, како кај нас, така во државите од регионот и Европа, а бројот на инфицирани секојдневно расте и болничките капацитети забрзано се полнат, неопходна е максимална одговорност на секој поединец за спречување на ширењето на заразата.

Граѓаните мора солидарно да се борат против невидливиот непријател, кој претставува смртна закана за сите, а најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

На сила се и новите мерки усвоени од  Владата предводена од СДСМ за зауздување на ширењето на коронавирусот, со кои работното време на угостителските објекти е ограничено до 23 часот, освен за испорака, преполовен е дозволениот бројот на патници во јавниот превоз, а државната и јавната администрација, општините и судовите да работат во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации.

За ублажување на растот на бројот на инфицирани и намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири, за кои Собранието треба да прифати измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Кога бројот на заразени континуирано расте, а болниците се полнат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со денови го одлага и блокира донесувањето на мерките важни за справување со пандемијата, со што директно го загрозува здравјето на граѓаните.

Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени и деградирање на Комисијата за заразни болести се смислен и тенденциозен обид на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за добивање на дневно политички поени, со што повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.

Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка.

Поврзани вести

ЛДП: Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката

Влатко Зорба

Премиерот ќе изврши увид во изградбата на канализациска мрежа во ИЗ „Визбегово“

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Поради преземените мерки, очекуваме пикот да биде благ

Најчевска: Случајот „Рекет“ беше брзо процесуиран, а нема решение за случаите во кои се вмешани Јанкулоска, Мијалков, Камчев

Филипче: Oтворањето на градинките уште претставува ризик

Казни за 845 лица за неносење маска