МАКЕДОНИЈА

Се помалку имаме пченица, тутун и домати, паѓа и бројот на добитокот

Намалени се површините под пченица, тутун и домати, намален е бројот на добитокот, намалено е и производство на сите видови месо освен свинското, покажува статистиката.

Според публикацијата „Северна Македонија во бројки” што ја објави Државниот завод за статистика, зголемување бележат само јаболкaта и виновата лоза, но приносот варира.

Во 2009 година под пченица биле 88.151 хектар, во 2014 година 76.686, додека лани вкупно 68.847 хектари. Тутунот, од 17.800 хектари во 2009 година и 17.756 хектари во 2014-та бил сведен на 16.679 во 2019 година, додека доматите од 5.731 хектари во 2009-та и 5.720 во 2014-та, лани биле застапени на 5.497 хектари.

Намалување има и кај јачменот, од 48.622 хектари во 2009 година, на 43.941 хектари во 2019-та иако во 2014 година под оваа култура биле 41.157 хектари.

Просечниот принос на пченицата изнесувал 3.076 килограми на хектар во 2009 година, 3.755 во 2014-та и 3.485 килограми на хектар во 2019 година. Слична е состојбата и кај јачменот чиј принос бил 3.010 килограми на единица површина во 2009 година, 3.719 во 2014-та и 3.151 килограми лани. Приносот на тутунот се движел од 1.355 килограми на хектар, преку 1.553 до 1.573 во 2019 година, додека на доматите од 25.370 килограми на хектар, 28.065 до 27.715.

Кај јаболкaта приносот во споредбениот период изнесувал 26 килограми по стебло во 2009 година, 25 во 2014-та и 19 во 2019 година, а кај грозјето три килограми по пенушка во 2009-та, па два во 2014-та и повторно три килограми по пенушка во 2019 година.

Статистичките анализи покажуваат и дека бројот на говеда во 2009 година бил 252.521 во 2014-та изнесувал 241.607, додека лани паднал на 217.790. Овци, пак во 2009-та сме имале 755.356, во 2014-та вкупно 740.457, а во 2019 година 684.558. Намалување бележат и свињите, од 193.840 во 2009 година, 165.054 во 2014-та, на 135.770 во 2019 година. И бројот на живина не е на завидно ниво, бил 2.117.890 во 2009 година, потоа 1.939.879 во 2014-та, а лани се свел на 1.562.089.

Според „Северна Македонија во бројки”, минатата година од вкупно расположливите 1.264.578 хектари земјоделска површина, обработливи биле 519.848. Под ораници и бавчи се евидентирани 418.823 хектари, под овоштарници 16.784, под лозја 24.468, под ливади 59.773, а под пасишта 743.991 хектар.

Поврзани вести

Семејна расправија во Скопје: Отишле кај роднините, па биле нападнати со остар предмет

Никола Поповски

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември

Никола Поповски

Заев: Без договор за нова влада, разговорите продолжуваат

Никола Поповски

Филипче: Модуларната болница до Инфективната клиника е подготвена (видео)

20 евра казна за физички, 2.000 евра за фирмите кои нема да ја почитуваат мерката за задолжителна заштита

Берта Китинска

Ивановска: Иванов го прекршил Изборниот законик, а за таа дејност е пропишана прекршочна казна

user4