МАКЕДОНИЈА

„Се празнат рафтови, нема леб, тоалетна хартија“: Почнаа гужвите, од страв да не се остане без храна

Денеска низ маркетите и пазарите нашата екипа забележа голем метеж. Луѓе со маски и ракавици, натоварени излагаа од продавниците.

„Се празнат рафтови, леб нема, тоалетна хартија, се празнат дуќаните, хистерија владее меѓу луѓето, полнат колички, решив да испазарам за претстојниов викенд, но многу гужва има“, вели Ѓорги Петровски.

„ Како војна да доаѓа, се купува на големо, вода, хартија брашно, тестенини, паштети…Бев во продавница за нешто ситно, за цигари, сок ама се покајав веднаш штом застанав во редот. Чекајќи пред маркет, покрај гужвата забележав луѓе кои имаа преполни колички со најразлични намирници, владее стравот“, вели Борис Марковски.

„Потрошив околу 3.000 денари, го земав најпотребното за да не излегувам од дома секој ден. Не ми се чека во ред, а сега кога ќе бидеме затворени за викендов подобро е да се обезбедиме, ни објасни“, вели Наташа Горгиевска.

Според психолозите трупањето на храна е резултат на егзистенцијален страв од тоа дека човек ќе остане гладен.

-Правењето залихи на храна особено може да го забележиме кај  постарите луѓе над 60 години, во однос на останатите. Претпоставувам дека тоа е резултат на некои минати искуства од непогоди како што била војна на пример. Зборот карантин предизвикува прашалници за тоа што да се прави во ситуација кога се останува сам  дека е ЧУДНО и невообичаено човек да прави нешто сам, односно креативно да ужива во самотијата, која патем ако ја разгледаме од друга страна, може навистина да роди многу креативни идеи. Значи повеќе се работи за склоп на верувања и доживувања кои потекнуваат од внатрешноста на самата личност, вели психологот Дора Попова Узуновскa.

Б.М

 

Поврзани вести

Димитровски: Изборниот законик и Законот за одбрана може да ги одложат изборите

Viktor Jovanov

Во МКЦ мал новогодишен саем на книга од денеска до 28 декември

Филипче со предлог на едукативни содржини за родители и децата

Берта Китинска

Герила акција: Марш за амнестија за криминалот

Берта Китинска

Чулев: Ви благодариме за секоја минута и секој час поминат на вашите работни места (ВИДЕО)

Маричиќ : На самитот на ЕПП Мицкоски доживеа дебакл целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики

Ивана Рамаданова