МАКЕДОНИЈА Хроника

Се запалил автомобил кој пренесувал гласачки ливчиња од Гостивар кон Скопје

Возило на гостиварската Изборна комисија, во кое се наоѓал изборниот материјал од гласањето во Општина Гостивар што комисијата го носела во ДИК, рано изутринава, од засега непознати причини, се запалило. Во инцидентот нема повредени лица, а, како што соопшти полицијата, не бил оштетен ниту избирачкиот материјал.

„Утрово во 4:30 часот во СВР Тетово бeше пријавено дека моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35 годишниот Ф.А. од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти Јосифовски.

Лицето Ф.А. во еден момент, додека управувал со возилото, забележал како излегува чад под хаубата. Заедно со четворицата членови од општинската изборна комисија го излегле од возилото во близина на наплатната рампа Тетово и од безбедносни причини решиле да повикаат друго возило за продолжување на патот до Државната изборна комисија во Скопје.

Поврзани вести

Шилегов: Градот не личи на ништо, се гледаат пукнатини од стиропорот на објектите од „Скопје 2014“

Viktor Jovanov

Двајца прилепчани продавале дрога во Охрид, МВР им поднесе кривична пријава

Спасовски – Пленковиќ: С. Македонија останува посветена на партнерството со Хрватска и со ЕУ

Stefanija Kuzmanovska

Богоев: Во изминативе 2 години, јас и мојот тим целосно се вложивме за нашиот Карпош

Влатко Зорба

ФЕИТ ги повторува врвните резултати на натпреварот по LabVIEW

Maja_Serafimova

„Вашингтон пост“: Заев поднесе оставка изразувајќи разочараност и гнев од незапочнувањето на преговори со ЕУ